Гестови за лизгање и зумирање

Зошто треба да лизгаме и зумираме?

Речиси сè што правите на паметниот телефон или на таблетот вклучува некаков вид допирање на екранот. Сите паметни телефони и таблети имаат екран на допир (touchscreen). Екранот го чувствува допирот и вашиот уред врши некакво дејство како одговор на допир.

Некои од најважните начини на кои го допирате екранот ви овозможуваат:

  • да зумирате во најважните делови на екранот за да можете да читате ситно пишуван текст или да гледате многу малечки детали
  • да одзумирате за да ја гледате целата слика или да најдете друг дел во кој сакате да зумирате
  • да го лизгате екранот за да гледате различни делови
  • да лизгате низ некои контроли за да ги менувате поставките.

Други два вида допирни контроли се опфатени во претходната активност за вежбање наречена Прочитај: Допирање и минување со прст (Read it: Tapping and swiping).

Лизгање

Во многу апликации и интернет-страници, вршите лизгање (scroll) за да видите дополнителни страници или повеќе информации. Ајде да претпоставиме дека се наоѓате на Facebook. Кога ја стартувате апликацијата, единственото што го гледате се една или две ставки во горниот дел на Временската линија, но под неа може да постојат стотици други.

Можете да лизгате надолу за да ги најдете тие ставки со допирање на екранот и поминување со прстот нагоре. Колку брзо ќе се движат информациите на екранот зависи од брзината со која ќе минувате со прстот. За да лизгате брзо, лизгајте брзо со прстот нагоре и потоа дигнете го.

Кај некои апликации, вклучувајќи ја Facebook, движењето ќе продолжи одредено време, дури и откако ќе го подигнете прстот. На тој начин можете да се движите многу брзо низ страниците со информации.

Икона на лизгачко движење

Лизгање низ опции

Апликациите на паметните телефони и таблети имаат многу различни начини на кои можете да ги изберете поставките. Понекогаш внесувате само бројки.

Понекогаш ја движите лизгачката контрола на екранот, штиклирате поле или допирате копче. Понекогаш, можеби треба да лизгате низ список со бројки или други поставки. Тоа е чест начин да го поставите времето и датумот за аларм.

Зумирање

Кога зумирате со паметниот телефон, ја менувате големината на сликите и на текстот на екранот. Можете да ги направите поголеми или помали.

Спојување на прстите за зголемување

Ајде да претпоставиме дека на екранот на паметниот телефон имате интернет-страница со слика, но таа е малечка и не можете да ја видите јасно. Можете едноставно да ја направите поголема.

За да зголемите слика или текст, ја користите одликата за зумирање на паметниот екран, којашто ја активирате со користење на гестот одвојување на прсти (pinching out).

Ова е наречено и „штипнување“ (pinching), бидејќи вообичаено ги користите палецот и показалецот, но можете да ги употребите кои било два прста за да го постигнете истиот резултат.

За да зумирате некоја ставка на екранот, спојте ги палецот и показалецот, ставете ги нежно на екранот и одвојте ги бавно.

Гест за зумирање на паметен уред

Зумирањето понекогаш се нарекува и одвојување на прстите (pinching out), бидејќи ги ширите прстите.

Еве како да го направите тоа.

  • Спојте ги палецот и показалецот и поставете ги нежно на ставката што сакате да ја зголемите.
  • Без да ги подигате прстите од екранот, раширете ги малку. Ќе забележите дека содржината на екранот станува поголема.
  • Продолжете да ги одвојувате сѐ додека не ја гледате содржината во големина што ви одговара.
  • Ако прстите излезат надвор од рамката на екранот, дигнете ги, спојте ги повторно и ставете ги на екранот, па одвојте ги повторно.
  • Додека ја зголемувате ставката, можеби ќе можете да ја смените нејзината позиција на екранот, така што ќе ги движите двата прста преку екранот во правец на она што ве интересира.

Одвојувањето на прстите (Pinching out) – или зумирање – не функционира на сите екрани. На пример, не можете да зумирате на Почетниот (Home) екран на уредот, некои страници на Facebook или во повеќето апликации за размена на текстуални пораки. Но, можете да зумирате на слики во апликацијата Фотографии и на повеќето интернет-страници. Функцијата за зумирање може да биде многу корисна кај интернет-страници, каде текстот понекогаш е малечок и се чита тешко.

Единствениот начин да бидете сигурни дека зумирањето функционира во некоја апликација е да пробате за зумирате.

Лизгање на зумирана страница

Понекогаш може да биде практично да го користите гестот за лизгање на екрани на кои веќе сте зумирале.

Кога веќе сте зумирале на некоја страница, тогаш гледате само еден дел од неа. Останатиот дел од страницата сè уште е таму, но го гледате само она што се наоѓа во рамката на екранот.

За да ја видите содржината што не се гледа, допрете нежно на екранот со еден прст и лизгајте полека налево или надесно, нагоре или надолу. Ќе забележите дека содржината на екранот ќе почне да се движи и ќе можете да видите разни делови на страницата што претходно биле скриени.

Спојување на прсти за поширок приказ

Исто како што одвојувањето на прсти (pinching out) ги прави нештата на екранот поголеми, можете да ги споите прстите за да направите деталите на екранот да станат помали. Може да се случи да сакате да го направите ова откако сте зумирале во некоја слика, т.е. да ја вратите во нејзината почетна големина.

Спојувањето на прстите (Pinching in) исто така ќе ви овозможи да ги видите деталите што исчезнале надвор од рамката на екранот.

Кај некои апликации можете да споите прстите, или да одзумирате, за сѐ поширок приказ. На пример, кај некои апликации со мапи, можете да одзумирате сѐ додека не видите некој голем дел од светот.

Гест за одзумирање на паметен уред